Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентите најавија блокади во Белград, Нови Сад и Ниш, Вучиќ со молба да не го прават тоа

/

пред 457 дена

Сподели преку :

Белград, Нови Сад и Ниш на 4 јули да бидат целосно блокирани, ова го напишаа студентите на Срибија на профилите, синоќа поради полициска бруталност .

Реагирајќи на целосните блокади на градовите Вучиќ рече дека „ги моли да не го прават тоа“.

Ги молам како обичен човек да разберат дека ова се сериозни кривични дела и се спротивни на Законот за безбедност во сообраќајот, спротивни на уставните норми за слобода на движење, рече Вучиќ.

Тој додаде дека државата сака да дозволи секаква слобода на собирање и изразување.

Државата не може и не смее да дозволи ваков вид насилство, бидејќи тогаш повеќе не е држава. Затоа, ве молам, размислете повторно и освестете се уште еднаш. За сите други луѓе, Србија е сериозна и одговорна држава. Исто ќе биде и утре и секој втор ден“, рече тој.