Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава околу 5:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на српско–унгарската граница… Македонски автомобил марка „Киа“ излетал од патот и се превртел, при што едно лице загина, а едно е тешко повредено, јавуваат српските медиуми… Според првичните информации, сопатникот починал на самото место, додека возачот со тешки телесни повреди е пренесен во Општата болница во Суботица… На местото на несреќата излегле јавен обвинител и сообраќајна полиција, а истрагата е во тек за да се утврдат причините за трагичниот инцидент…











