Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентите со масовни блокади низ улиците во Србија

/

пред 457 дена

Сподели преку :

Од раните утрински часови студентите во Србија извршија масовна блокада на Белград, Нови Сад и Ниш што предизвика големи прекини на сообраќајот низ Србија… Министерството за внатрешни работи предупреди дека блокадите се незаконски и најави преземање мерки за заштита на јавниот ред и мир… Претседателот Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните преку видео-порака, повикувајќи ги да не ја „уриваат Србија“ и истакнувајќи дека државата ќе избегнува употреба на сила… Во Белград е целосно запрен трамвајскиот и тролејбускиот сообраќај… Полицијата досега приведе неколку демонстранти, а на повеќе локации се води напната ситуација меѓу граѓаните и безбедносните служби околу поставувањето и отстранувањето на барикадите… Протестите и блокадите се реакција на апсењата и наводната полициска бруталност при претходните демонстрации, како и на одлуката на Вучиќ да аболира четворица активисти обвинети за напад врз студентка…