Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

/

пред 478 дена

Сподели преку :

Aктивен e пожарот над Кочани. Над триесетина пожарникари, вработени во Национални шуми и членови на Противпожарните друштва од Кочани и Виница се на терен.

Командирот на кочанската Противпожарна служба, Драган Апостолов очекува дека за кратко време огнот дa биде ставен под контрола.

Во моментов немаат поддршка од воздух, но тоа не значи дека така ќе остане и до крајот на денот.

Апостолов вели дека се ќе зависи од интензитетот на пламените јазици и дали на овие горештени ќе се распламти огнот.

Телма синоќа информираше дека полицискиот хеликоптер кој беше вклучен во акцијата, направил над 15 налети.

Во координирана акција од небо и земја, од пожар е спасен и манастирот во Кочански дол.

Овој пожар на отворено избувна вчера околу 14.00 часот кај месноста викана Диви градби во Трајаново трло, каде што до темел изгоре и  семејна куќа, а потоа се прошири кон селото Вранинци, каде беа евакуирани десетина лица.

Огнената стихија зафати неколку помошни објекти, а имаше опасност огнот да зафати и дел од куќите.