Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

/

пред 477 дена

Сподели преку :

Сите влади кај нас, не оваа, од секогаш практикувале реформски илузионизам или законски илузионизам, давајќи лажни надежи дека со измена на законите и големи реформи, ќе се подобрат состојбите, истакна професорот на правниот факултет „Јустинијан Први“, Гордан Калајџиев во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Состојбите се проблематични од сосема друга природа и ние мака ќе помачиме да ги најдеме вистинските проблеми во функционирање на системот. И тие не можат сигурно да се подобрат со козметички подобрувања на системот. Не дека тие не треба да се вршат, туку сакам да кажам дека е лажно очекување дека подобрување на законски текстови на кои што континуирано ќе се работи и допрва ќе се работи во процесот на хармонизација со директивите на Европската Унија и со компаративно усогласување на нашиот систем со европските. Тука има малку преценување на очекувањата“, изјави Калајџиев.