Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

/

пред 470 дена

Сподели преку :

Еквадорските власти запленија три тони кокаин со пазарна вредност од околу 90 милиони долари, во голема полициска акција спроведена во југозападниот дел на земјата.

Како што јавуваат албанските медиуми, дрогата е пронајдена на фарма во близина на градот Гвајакил, скриена во камион натоварен со пакети банани подготвени за извоз.

Пакувањата со кокаин биле означени со различни логоа, што укажува на нивната дестинација и наменета дистрибуција.

Според еквадорските истражни органи, запленетата дрога ѝ припаѓала на албанската мафија, која има силни врски со колумбиските и мексиканските нарко-картели.

Оваа интернационална мрежа важи за една од најмоќните и најорганизирани криминални структури во светот на шверцот со дрога.

Акцијата претставува резултат на долготрајна истрага и меѓународна соработка на безбедносните служби.

Во акцијата се уапсени пет лица, а еквадорските власти ја оценија операцијата како сериозен удар врз албанската мафија и нивната логистика за транспортирање дрога преку Јужна Америка.

Истрагата продолжува, со цел целосно разоткривање на криминалната мрежа која стои зад пратката.