Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

/

пред 475 дена

Сподели преку :

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е ангажиран во гаснење на голем пожар што избувна попладнево над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите, пожарот се проширува на тешко пристапен терен пред тунелот, од десната страна на патот, и има висок интензитет.

Поради интервенцијата, сообраќајот кон граничниот премин Блаце се одвива наизменично.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, лично ја координира акцијата од терен, а по добиен повик на бројот 112, веднаш било побарано ангажирање на воздухопловна поддршка од МВР.

Силниот ветер го разгорува огнот, кој се движи кон ридот, но и заканувачки се приближува кон селата Блаце и Чучер, информираат од ЦУК. Надлежните апелираат на внимателност и избегнување на движење во регионот додека трае акцијата за негово локализирање.