Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

/

пред 469 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска отпатува за САД, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за разговори околу нов договор за прекин на огнот во Газа.

На аеродромот Бен Гурион, Нетанјаху изјави дека верува оти Трамп „може да помогне во напредокот на напорите за примирје“.

Тој го пофали Трамп како „најголем пријател што Израел некогаш го имал во Белата куќа“, посочувајќи дека заедничката мобилизација со САД донела „голема победа над заедничкиот непријател, Иран“.

Предлогот на Трамп предвидува 60-дневно примирје со делумно ослободување на заложници во замена за зголемување на хуманитарната помош во Газа. Планот вклучува и понатамошни преговори за целосно завршување на 21-месечната војна.

Нетанјаху истакна дека останува посветен на враќањето на заложниците и на „уништување на воената и владината моќ на Хамас“.