Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По телефонскиот разговор со Путин, Трамп го промени курсот

/

пред 467 дена

Сподели преку :

Само неколку дена откако нареди пауза во испораката на критично оружје за Украина, американскиот претседател Доналд Трамп сега најавува дека САД повторно ќе започнат со испораки – и тоа со зголемен обем на одбранбено оружје.

„Мораме,“ рече Трамп во изјава за медиумите. „Тие мора да се бранат. Многу жестоко се напаѓани. Ќе испратиме уште оружје – пред сè одбранбено.“

Изјавата претставува нагла промена во политиката, откако минатата недела Пентагон објави дека, по налог на Трамп, привремено се запира испораката на ракети за противвоздушна одбрана, но и други проектили, хаубици и друг вид оружје, поради загриженост дека американските резерви се премногу намалени.

Одлуката за пауза дојде во критичен момент за Украина, која се соочува со засилени и поразорни руски воздушни напади. Според украинските власти, во последните денови загинале најмалку 11 цивили, а над 80 се повредени, меѓу кои и седум деца.