Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

/

пред 474 дена

Сподели преку :

Додека цела држава е под огнена стихија, владата на Мицкоски, заедно со Ангелов, Тошковски, Мисајловски и останатите молчи. Не дејствуваат и повторно ги оставаат граѓаните сами да се борат со стихијата, реагираат од СДСМ.

  • Само еден ден по спектакуларното сликање со „импровизирана“ противпожарна единица и старите хермелини од Армијата, на дело ја видовме нивната неспособност и опасната импровизација. Целото шоу траеше 24 часа – потоа дојде реалноста. Пожари на повеќе локации, вонредна состојба во општини, а граѓаните сами со лопати и црева се борат со огнот, затоа што институциите целосно потфрлија, велат од опозицијата.

Потсетуваат дека минатата година изгореа 12% од територијата на државата, повеќе отколку за сите седум години додека СДСМ беше на власт.

  • Оттука го прашуваме Мицкоски: дали во која било земја во светот се гасат пожари со БТР-и и хермелини од армијата? Ова не е ниту НАТО, ниту Европа. Ова е циркус. Наместо МИП – Македонска Интервентна Пожарна, ние гледаме  „импровизирана“ противпожарна единица и евтин ПР. Проблемот е што последиците од вашата неспособност ги чувствуваат граѓаните на терен рече на денешната прес – конференција Митко Трајчулевски.