Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

/

пред 473 дена

Сподели преку :

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.  Попладне се очекува изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, со брзина над 60 км/ч. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 41 степен.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни и да се заштитат од топлотниот удар.

Од среда навечер и особено во четврток, температурите ќе се намалат за 8 до 10 степени поради продор на посвежа воздушна маса од север.

Во истиот период ќе дува засилен северен ветер, а во северниот дел на државата се очекува повремен дожд.

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните. Изложеноста на висока температура без соодветна подготвеност и период на прилагодување може да биде кобна, вели доктор Трајче Галев, кој беше гостин во Утринска на Телма.

Според него кај повозрасните опасноста е поголема бидејќи вообичаено станува збор за лица кои најчесто примаат и терапии кои исто така треба да бидат прилагодени соодветни временските прилики, како што се диуретиците.

Особена опасност демне во загреаните автомобили каде температурите се и над 50 степени и е потребно време за да се стабилизира температурата во кабините.

Последна и најопасна фаза е топлотниот удар велат здравствените работници.