Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ред Бул го разреши Кристијан Хорнер по 20 години на чело на тимот

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Формула 1 тимот Ред Бул официјално го разреши шефот Кристијан Хорнер, кој ја извршуваше оваа функција цели две децении – уште од влегувањето на тимот во шампионатот во 2005 година. Неговото заминување стапува на сила веднаш, а негов наследник е Лорен Макиес, кој доаѓа од сестринскиот тим Рејсинг Булс.

Под водство на Хорнер, Ред Бул се претвори во доминантна сила во светот на Формула 1. Тимот освои шест титули кај конструкторите и осум шампионски круни кај возачите – по четири со Себастијан Фетел и четири со Макс Ферстапен.

Во изминатата година, Хорнер беше во центарот на сериозни контроверзии, откако се појавија обвинувања за непримерно однесување кон колешка од тимот. Иако интерната истрага на Ред Бул го ослободи од одговорност, според медиумските извештаи, односите со дел од раководството останале нарушени.

Дополнителен притисок донесоа и послабите резултати сезонава, каде Ред Бул е далеку од формата која ја покажуваше во претходните сезони. Тимот моментално се наоѓа на четвртата позиција во поредокот кај конструкторите, зад Мекларен, Ферари и Мерцедес.

Макс Ферстапен, актуелниот шампион, е трет во генералниот пласман со 165 бодови, зад возачите на Мекларен – Оскар Пијастри (234) и Ландо Норис (226). Се почесто се шпекулира дека Холанѓанецот би можел да ја напушти екипата и да премине во Мерцедес, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу иднината на тимот по заминувањето на Хорнер.