Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста, посочуваат од МВР.