Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

/

пред 465 дена

Сподели преку :

Полковникот на Украинската служба за безбедност Иван Воронич беше убиен денес во Киев додека ја преминувал улицата, а безбедносните камери ја снимиле ликвидацијата.

Убиството на клучниот човек на украинскиот претседател Володимир Зеленски се случило во девет часот изутрина, кога напаѓач облечен во црно му се приближил и испукува пет истрели од пиштол.

Украинската служба за безбедност соопшти дека е покрената кривична постапка за убиството на нивниот офицер во областа Голосеев во Киев.

„Службата за безбедност и Националната полиција преземаат сеопфатни мерки за разјаснување на сите околности на злосторството и изведување на сторителите пред лицето на правдата“, стои во нивното соопштение.