Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

/

пред 459 дена

Сподели преку :

Црнила по ридовите, црнила и по полињата. Ова е сѐ што остави вчерашниот пожар во близина на Блаце. Горело високо во шумата, но ветрот распали оган и долу покрај патот. Жителите на сите околни села се насобрале веднаш да си ги бранат куќите и црквите.

  • Јас сум клисар во црквата и веднаш ѕвонев со камбаната се додека сите да се собереме. Со лопати и вода и одиме да спасиме нешто ако можеме. Вчера црквата ја спасивме, што ќе биде понатаму не знаеме.
  • Вчера беше најкритичното за овој крај. Среќа дојдоа млади момчиња и ја искосија тревата со што се спречи да се префрли огнот тука, каде имаше паркирано два камиони, велат жителите на Блаце.

Денеска од АМСМ информираа дека на магистралниот пат до ГП Блаце се пренасочуваат тешките моторни возила.

Од утрото е нормализиран сообраќајот на клучките и патиштата кои беа затворени поради пожарите и од безбедносни причини.

Покрај пожарникарите и локалното население, во гаснењето и локализирањето на 28 пријавени пожари на подрачјето на Скопје, се вклучи и полицијата преку Посебен оперативен штаб, со над 170 полициски службеници од неколку полициски станици.

Петар Догов