Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукање во Батинци, застрелан жител на селото, напаѓачот избегал, но претходно се наоѓал на меѓународна потерница

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Претпладнево во скопско Батинци во вооружен напад е застрелан жител на селото, потврдија од МВР за Телма. Ранетиот е во тешка состојба. Бил погоден додека се наоѓал во автомобилот со неговата ќерка.

Според првичните информации, осомничен е М.Џ. кој избегал по настанот со зелен автомобил.  Осомничениот за убиството претходно бил на меѓународна потерница за убиство и бил дел од криминалната група на Мали Репки.

Првичните наоди за мотивите се несогласувања односно осомничениот за убиството имал лични недоразбирања со својата жртва.