Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Украина ќе добие помош во американските противвоздушни системи „Патриот“

/

пред 464 дена

Сподели преку :

Американскиот Претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе испрати оружје, вклучувајќи ги и противвоздушните ракетни системи Патриот, за Украина, со посредство на НАТО.

Во интервју за американската телевизија НБЦ, Трамп изјави дека според постигнатиот договор, САД ќе ги испратат ракетите „Патриот“ до НАТО, а северно-атлантската алијанса потоа ќе ги дистрибуира до официјален Киев. Според Трамп, НАТО и ќе плати за оружјата.

Истовремено, украинскиот лидер, Володимир Зеленски, изјави дека побарал помош од 10 ракетни системи Патриот, откако неговата држава се соочи со зголемен број руски напади со дронови и балистички проектили врз повеќе градови во текот на минатата недела.

Ракетните системи „Патриот“ ги детектираат и уништуваат проектилите и се сметаат за едни од најдобрите системи за противвоздушна одбрана.

Претходно, Украинскиот лидер изјави дека Германија е подготвена да плати за два од ракетните системи „Патриот“, Норвешка за еден, додека останатите европски партнери исто така се подготвени да помогнат.

По разговорот со рускиот лидер, Владимир Путин, минатата недела, Трамп изјави дека не е среќен дека не бил постигнат напредок за завршување на војната а потоа се пожали и дека позитивниот став на Путин не значел ништо.

Во интервјуто за НБЦ, Трамп изјави дека ќе даде „значајна изјава“ за Русија во понеделник, но без да соопшти детали што таа ќе содржи.

Според Трамп, „НАТО целосно ќе го покрие трошокот“ за оружјето што ќе биде испратено за Украина. Инаку, Алијансата се финансира преку придонеси од своите членки, вклучувајќи ги и САД.