Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема повеќе двајца директори, ќе има еден и негов заменик – ФЗО се враќа на стариот концепт

/

пред 464 дена

Сподели преку :

Фондот за здравствено осогурување (ФЗО) се враќа на стариот концепт и со него нема да раководат двајца директори, туку еден. Како што беше речено денеска на прес-конференција, ФЗО покрај директор ќе има и заменик-директор.

„Концептот на раководен орган од два директора кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот се напушта и се враќа концептот на директор и заменик на директорот, што постоеше до 2007 година“, истакна генералниот директор на Фондот Сашо Клековски.

Тој и генералниот директор Бранко Аџигогов претходно информираа за најновите законски решенија во однос на зголемувањето на бројот на обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) на товар на Фондот.