Нов 14-ти „Марш на ангелите“, марш на болката и борбата за правда и гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори, ниту за едно дете, ниту за една мајка. Симболично, за задоцнетата реакција, Маршот ќе започне во 18:05 часот, најавија роднините на настраданите. Истовремено, со почеток во 16:30 часот, во Домот на културата „Бели Мугри“ во Кочани, ќе се одржи комеморативен настан со наслов „Во сеќавање – посветено на загинатите од пожарот во Кочани“, организиран од Општина Кочани.
„Ве повикуваме со отворено срце да нѝ се придружите, да застанеме заедно во тишина, во солзи и во спомени. Да им оддадеме чест на нашите деца, невини, млади животи кои беа прекинати пред да почнат вистински да живеат“, се вели во објавата.
Ден претходно пропадна обидот на градоначалникот Венко Крстевски да организира музичка манифестација по повод празниците Петроведен и Павловден кој со години традиционално се празнуваат во Кочани. Тој беше исвиркан од роднините, а како што вели не биле сфатени неговите добри намери за воозбновување на социјалниот и културен живот во градот.











