Со невидена леснотија СДСМ се радува на секоја катастрофа во државата, надевајќи се дека ќе добие некој ситен политички поен, ако Македонија минува низ предизвици. Пожарите кои гореа низ државата, а за кои веќе се докажува дека не се чиста природна непогода, туку човечки подметнати, од лица блиски до опозицијата, беа главна тема на политичкиот наратив на СДСМ, обвинуваат од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. На повеќе места низ државата на местата на пожарите, меѓудругото, се најдени и дрва потопени во бензин, гума, ракавици.











