Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп пред потпис на Закон за санкции – извори велат „ќе биде симболичен“

/

пред 463 дена

Сподели преку :

Двопартискиот американски закон за построги санкции кон Русија, со цел да се притисне Москва на мировни преговори за Украина добива на интензитет во Конгресот, но потребен му е претседателски поттик за негово завршување. Украинските приврзаници во Вашингтон и во Киев се надеваат на поддршка од Трамп и со нетрпение го очекуваат она што тој го најави како „важна изјава“ за Русија, без да даде детали.

Пред пет дена Трамп одобри испорака на одбранбено оружје за Украина, два дена подоцна беше блиску за поддршка на законот за санкциите, но сè уште го нема потпишано, вели извор од администрацијата запознат со размислувањата на претседателот. Засега е нејасно дали Трамп се откажува од заложбите за дипломатија со Русија, откако Лавров и Рубио се сретнаа во Куала Лумпур и, според светскте агенции, разговарале за нов пристап за решавање на украинското прашање.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе подолго време повикува на заострување на санкциите кон Русија, но според извори од Белата куќа, Конгресот не сака новиот закон да влијае врз работата на американската амбасада во Москва. Дел од приврзаниците на законот велат дека воглавно е симболичен, сооглед на широките овластувања на Трамп за вето на санкции.