Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца убиени во Прилеп при заложничка драма во центарот на градот, леташе и хеликоптер

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Тројца жители на Прилеп се убиени во вооружен напад во центарот на градот.

Според првичните информации, меѓу убиените е и дете. Вооружен маж ги застрелал своите две жртви со кои бил во роднинска врска.

Потоа, на социјална мрежа објавил дека убиството го извршил поради нерасчистени имотни односи и поделба на наследство.

Цело време, во куќата со оружје држел и заложници кои биле во куќата. На крај, извршил самоубиство. Во текот на вечерните часови, хеликоптер го надлетуваше Прилеп.

Од Обвинителството соопштија првични детали:

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.

Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.