Стотина огласи за вработување осамнаа на страницата на Агенцијата за администрација. Се бара кадар за повеќе министерства – за образование, за енергетика, за земјоделство, за дигитализација. Но, и за доста општини, јавни претпријатија, за Град Скопје има неколку огласи, за Катастар, за Агенцијата за управување со одземен имот, за Царина.
Случајно или не, рокот за пријавување завршува до крајот на јули. Пред неколку дена од синдикатот УПОЗ соопштија дека предизборно се изготвуваат над 170 огласи, нешто што никогаш не се случило во историјата.
Министерот за администрација Минчев, пак, тврди дека не станува збор за предизборни вработувања, туку за процес кој трае подолго време, односно шест месеци и дека со овие луѓе ќе се пополнувале празни места. Инаку владите досега многу пати најавија реформи за администрацијата. Решавања на преоптовареноста и подобрување на ефикасноста на услугите.











