Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најкритичен е пожарот кај Дојран, гори и се гаси и во Старо Нагоричане, кај Македонски Брод и во близина на гробиштата на Камник

/

пред 462 дена

Сподели преку :

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска до пладне низ државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои четири остануваат активни и претставуваат најголем предизвик за противпожарните служби. Најкритичните точки се во општина Дојран, каде што во селото Николич гори нискостеблеста шума, во Старо Нагоричане, селото Пелинце каде што е зафатена ниска вегетација, во Македонски Брод, селото Девич каде што пламените јазици зафатија деградирана шума, сува трева и лисна престилка, како и во Општина Гази Баба, во близина на гробиштата на Камник, каде што гори ниска вегетација.

Покрај овие, два пожара се локализирани – во Општина Чучер Сандево, на потегот од селото Горњани кон Блаце и магистралата, каде што гореше шума, како и во селото Џидимирци, Општина Велес, каде што беше зафатена ниска вегетација.

Од ЦУК апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни и да не палат отпад или сува трева, особено во услови на високи температури и ветер, со цел да се спречи ширење на пожарите и дополнителна штета.