Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Физичка пресметка меѓу шест лица во угостителски објект во центарот на Скопје

/

пред 468 дена

Сподели преку :

Ноќеска половина час по полноќ бил нарушен јавниот ред и мир во угостителски објект во центарот на Скопје со физичка пресметка во која учествувале шест лица, информира министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 13.07.2025 околу 00:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.З., С.С. и Ф.М. од една страна и Б.Т., С.Д. и Д.С. од друга страна. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.