Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Авион падна и експлодира на аеродромот Лондон Саутенд – непознат бројот на патници

/

пред 461 дена

Сподели преку :

Мал авион се урна попладнево на аеродромот „Лондон Саутенд“, на југоисточниот брег на Англија, соопшти полицијата.

„Сè уште сме на лице место“, наведе локалната полиција на Есекс, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата соопшти дека била информирана за авион долг 12 метри кој се запалил на локацијата Саутенд он Си, непосредно пред 16 часот по локално време, објави „Би-Би-Си“.

Засега е непознато колку луѓе биле во авионот.

Фотографиите од британските медиуми, кои „Ројтерс“ не можеше да ги потврди, прикажуваат огнена топка која се дига во воздух над аеродромот Саутенд, 56 километри источно од Лондон.

Службата за итна помош на источна Англија соопшти дека се испратени четири амбулантни возила и други возила за интервенција.

„Можеме да потврдиме дека попладнево на аеродромот Лондон Саутенд се случи сериозен инцидент во кој беше вклучен авион на општата авијација“, изјави портпаролот на аеродромот.