Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет активни, 19 изгаснати – ЦУК за состојбата со пожарите во изминатото деноноќие

/

пред 467 дена

Сподели преку :

Во изминатото деноноќие се регистрирани 24 пожари на отворен простор во Македонија од кои пет се активни, а 19 се изгаснати.

Од активните пожари, еден е во Општина Дојран, во село Николиќ каде гори нискостеблеста шума, друг во Општина Чучер Сандево, каде во село Горњани, исто така, гори нискостеблеста шума.

Активен пожар има и во Општина Велес кај село Џидимирци и Крушје, каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде гори дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожар има и во Општина Прилеп, во населбата Три Багреми, со кој е зафатена ниска вегетација.