Верувам дека оваа генерација, ако го направи работите како што треба, ќе го доживееме обединувањето на Европа, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на панелот „Соработка меѓу НАТО и ЕУ: Основа за демократската отпорност во ерата на хибридна војна и странско мешање“ во рамки на 107-миот Семинар „Роуз-Рот“ што се одржува денеска во Европскиот парламент.
– Геополитичкиот контекст денес е фундаментално различен од оној што го имавме порано и во такви услови проширувањето го надмина својот технички карактер и стана клучна геополитичка алатка на Унијата во соочувањето со предизвиците кои светскиот поредок базиран на правила ги нема видено од Втората светска војна, рече Кос.
Според Кос проширувањата е еден од најдобрите примери за соработката меѓу ЕУ и НАТО, бидејќи во многу земји реформите за пристапување во Унијата одеа паралелно со членството во НАТО, за што постојат слични барања поврзани со демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Кос нагласи дека интегрирањето на земјите од Централна и Источна Европа во структурите на ЕУ и НАТО им обезбедило економски можности и услови да напредуваат и да се трансформираат во успешни приказни.











