Мал авион се урна кратко по полетувањето вчера на аеродромот во Есекс, Велика Британија, кој беше затворен, изјавија официјални лица и сведоци. Британската полиција и истражителите денеска ги разгледуваат последиците од авионската несреќа. Нема информации за жртви.

Авионот летал од Атина, Грција, до Пула, Хрватска, во неделата пред да се упати кон Саутенд.
Требало да се врати во Лелистад, Холандија, во неделата навечер.
Британските медиуми соопштија дека во несреќата учествувал „Beechcraft B200 Super King Air“ опремен со медицински системи за транспорт на пациенти. Станува збор за авион со турбопропелер долг 12 метри (39 стапки).
Лондон Саутенд е релативно мал аеродром, околу 45 милји (72 километри) источно од главниот град. Сите летови до и од аеродромот се откажани до понатамошно известување, односно додека полицијата, службите за итни случаи и воздушните истражители работат на местото на настанот. Полицијата од Есекс соопшти дека била известена непосредно пред 16 часот за „сериозниот инцидент“ на аеродромот.











