Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шекеринска: НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина

/

пред 461 дена

Сподели преку :

НАТО нема да се откаже од помошта за Украина, а Хрватска е вреден и доверлив сојузник во тие напори, изјавила заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, во интервју за хрватската агенција Хина.

 –  По бруталната руска агресија врз Украина, Хрватска беше вистински сојузник кој ја поддржа Украина не само финансиски и политички, туку и воено. Станува збор за 245 милиони евра директна хуманитарна и воена помош, изјавила Шекеринска.

Шекеринска учествуваше на Дубровничкиот форум изминатиот викенд и повтори дека НАТО останува цврст во поддршката на Украина.

– Русија го поткопува меѓународниот поредок, европската безбедност и главната цел на Алијансата е безбедна евроатлантска зона. Затоа ја поддржуваме не само територијалната целовитост и суверенитет на Украина, туку и нејзиното право и способност за самоодбрана, истакнала Шекеринска.

Само минатата година НАТО сојузниците ѝ испорачале на Украина повеќе воена помош од ветеното – над 50 милијарди евра. Во првите шест месеци од годинава, таа сума изнесува дополнителни 35 милијарди евра.