Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почетокот на судењето за изградбата на театарот и билиотеката во Тетово одложен за во септемри

/

пред 462 дена

Сподели преку :

Во Основниот суд Тетово денес требаше да почне судски процес по поднесениот обвинитетелен предлог за повеќе кривични дела поврзани со изградбата на новиот објект за театар и библиотека во градот, но се одложи за во септември. Адвокатите на обвинетите му посочија на судијата дека нивните клиенти не добиле обвинителен предмет и листа со докази. Обвинети се двајца поранешни в.д директори, сопственик на градежна фирма и компанијата како правно лице како и инженер задолжен за надзор на работите. Обвинението во декемри 2024 година го поднесени Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Денеска првпат ние се соочуваме со ова. Ни треба време за да се спремиме да бидеме за што се работи. Долго време се зборува за оваа работа. Ќе видиме, ќе контактираме со адвокатите да видиме за што се работи. Засега ништо повеќе не можам да кажам зашто не ни знам што што можам да кажам, изјави обвинетиот Артан Арслнаи.