Во Киев, претседателот Володимир Зеленски оствари средба со специјалниот претставник на САД за Украина, генерал Кит Келог. Зеленски му се заблагодари на Кит Келог за посетата на земјата, за учеството на Конференцијата за закрепнување на Украина како и за состанокот на Коалицијата на волјата во Рим, заедно со сенаторите Линдзи Греам и Ричард Блументал.
„Благодарни на претседателот на Соединетите Американски Држави за сите негови пораки и навистина силни одлуки за продолжување на испораките за нас. Ја цениме двопартиската поддршка. Имавме многу добар разговор со г-динот претседател во Хаг, а имавме и телефонски повик. Донесовме некои одлуки кои се многу позитивни за двете земји“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.











