Премиерот Христијан Мицкоски објави видео на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ каде во улога на водител разговараше со министерот за транспорт Александар Николоски, а целиот разговор се одвиваше во движење, додека се возеа во автомобил на штотуку пуштените во употреба 20 километри од автопатот Кичево-Охрид.
Во кратко објавено видео тој имаше вовед во кој најкратко раскажа за патот Кичево-Охрид, а на министерот му се обрати со зборовите „Аце вака како што се возиме, одлично изгледа ова, навистина долго време граѓаните го чекаа ова.“ Дополнително тој му постави прашања „До Кичево има уште колку? Отприлика уште 20-тина километри?“
Објавеното видео освен што имаше дел од разговорот помеѓу премиерот и министерот, дополнително имаше инсертирани кратки видеа од автопатот, но и од моментот на пресекување на лентата која означува дека истиот е пуштен во употреба.
Министерот за транспорт објаснуваше уште колку километри има дополнително, а воедно премиерот се надoврзуваше за дополнителните свлечишта и косини кои треба да бидат стабилизирани. Премиерот видеото го заврши со зборовите „Јас би рекол проблемите да ги оставиме во минатото, било што било, сега да гледаме напред, граѓаните не избраа да ги решаваме тие проблеми, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние.“











