Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Турција одбележува девет години од обидот за државен удар

/

пред 460 дена

Сподели преку :

Турција одбележува деветгодишнината од неуспешниот обид за државен удар за смена на владата на тогашниот премиер и актуелен претседател Реџеп Таип Ердоган.

Посветен на 250 загинати и над 2.000 повредени, 15 јули се одбележува како „Ден на демократијата и националното единство“ со низа државни и културни манифестации.

Но, во единството во одбележувањето на овој ден и натаму остануваат две противречности: осуда на обидот за државен удар и од власта и од опозицијата, но и разликите присутни и денеска, за деновите и годините потоа.

Особено околу одговорноста и начинот на справување со состојбите потоа кога околу 80.000 лица беа уапсени, над 160.000 вработени во државната администрација беа отпуштени под сомнежи за поврзаност со ФЕТО.