Пензионери од повеќе градови се собраа на мирен протест пред Влада. Бараат линеарно зголемување на пензиите наместо најавеното процентурално.
Сметаат дека така е подобро за сите, а особено за оние со најниските пензии за кои велат дека не се доволни ниту за основните потреби за преживување. Бараат средба во Влада за да најдат заедничко решение. Најавија дека нема да се откажат од нивните барања.











