Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Горат депонии, се шири чад и неподнослива реа, а општините не можат да се договорат кој е надлежен – струмичани на протест

/

пред 466 дена

Сподели преку :

Струмичани со протестен марш синоќа побараа итно да се реши проблемот со депониите кои, речиси, еден месец без прекин горат и ги гушат во чад градот и околните населени места. Депонијата Шапкар, но и дивите депонии во и околу селата и нивите, не им даваат мир и чист воздух ниту во најголемите жештини, па граѓаните порачаа дека нема повеќе да толерираат неажурност од институциите.

Активистите, како најсериозен загадувач за градот и околните села, ја детектираат депонијата Шапкар кај Добрашинци, каде завршува отпадот на општините Струмица, Василево и Босилово. Сепак, овие општини не можат да се договорат околу надлежностите, што дополнително ги фрустрира граѓаните.

Протестниот марш започна од плоштадот „Гоце Делчев“ и минуваше низ главните улици. Поворката застануваше пред општината, судот, јавното обвинителство и пред комуналното претпријатие, институции кои граѓаните сметаат дека се повикани да го решат овој проблем.

Сузана Мицева