Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ердоган: На 15. Јули молитвите од Истанбул одекнаа до Скопје

/

пред 460 дена

Сподели преку :

Турција одбележува девет години од неуспешниот државен удар за смена на владата на Реџеп Таип Ердоган

Големи платна со фотографии на основачот на модерна Турција, Кемал Ататурк и на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кои прекриваат делови државните и јавни институции во Анкара, се главниот потсетник дека Турција го слави 15 Јули, денот на неуспешниот обид за државен удар пред девет години.

Посветен на 250 загинати и над 2000 повредени, 15 Јули се одбележува како „Ден на демократијата и националното единство“. А годинава мотото е “Името на победата е Турција”.

Во говорот на свечената церемонија во Големото народно соборание, Ердоган го величеше 15 Јули, како ден на единството, победата на нацијата и на поборниците на демократијата.

  • „Оваа епопеја е победа на храбрите луѓе, со корени во овие земји, над оние кои ја предадоа татковината“, рече потсетувајќи на настаните од пред девет години.

Дел од припадниците на турската армија таа ноќ излегоа со оклопни возила на улиците во Истанбул, Анкара, Мармарис.

Беа нападнати зградата на турскиот парламент, националната разузнавачка служба, претседателската палата, државната телевизија.

Во драматичен видео-повик на турскиот канал на Си-Ен-Ен, Ердоган, кој тогаш беше премиер ги повика граѓаните да излезат на улица. За веќе следното утро тогашната влада да прогласи дека пучот е неуспешен.

  • „Таа ноќ се потсвтивме што значи да бидеш заедница… Молитвите прочитани во Истанбул, одекнаа во Скопје, Пакистан, Индонезија.… Се потсвтивме дека Турција е голема не само по име, туку и по суштина” рече Ердоган.

И девет години потоа, одговорноста турскиот претседател ја лоцира во приврзаниците на ФЕТО, движењето на Фетулах Ѓул кој неодамна почина во САД.

Многу контроверзи ги следеа случувањата од пред девет години, од мотивите, до организаторите. Ердоган и на оваа годишнина се обиде да ги пресретне:

  • „Преку обидот за државен удар на 15 Јули, народот и државата беа соочени со еден од најкритичните испити во нашата историја. Предавството што го доживеавме таа ноќ нема паралели во нашата историја. Сите добри и лоши намери се разоткрија – некои заклучија дека е предоцна, други ја нарекоа оваа светла одбрана „игра“, „театар“ или „сценарио“. Некои шпекулираа за „контролиран удар“, додека некои решија „ќе видиме“ останувајќи дома, со кафе на маса. Они што аплаудираа за ударот, они што ја оценија епопејата – сите тие ќе бидат запаметени со срам”.

Во светло на новите предизвици, Ердоган порача:  „Изградбата на Турција без терор ќе ја оствариме чекор по чекор. Заокружувањето на новото столетие на Турција ќе забрза. Во мултиполарниот свет, Турција ќе го заземе заслуженото место како нов пол на моќ и земја на битка против теророт”.

15 Јули масовно се слави насекаде низ Турција со политички, верски и културни настани.

Но во единството во одбележувањето на овој ден и натаму има и пеотивречности. Осудата на обидот за државен удар е единствена и од власта и од опозицијата. Но разликите остануваат собено околу одговорноста и начинот на справување со состојбите потоа.

Како одговор на обидот за државен удар, власта воведе двегодишна вонредна состојба. Над 80.000 лица беа уапсени,приведени, меѓу нив офицери, војници, судии. Околу 40 000 се осудени, над 160.000 вработени во државната администрација се отпуштени под сомнежи за поврзаност со ФЕТО.

Точните бројки варираат. Фетула Ѓул, лани почина во САД. Но официјална Анкара се уште бара од многу држави, вклучително и од Македонија, затворање на институции поврзани со него или екстрадиција на негови приврзаници.

Но, на 15 јули запира се. Сите меѓусебни обвинувања, сите политички кавги. Без оглед кој како го доживува мотото на годинашното чествување на 15 јули ” Името на победата е Турција”.

Од Анкара за Телма, Боби Христов

(авторот на текстот е дел од 120 новинари од 41 земја во светот, кои веќе деветта година се дел од свеченостите за одбележување на 15 Јули, организирани од турското претседателство)