Кина најави засилување на поддршката за Русија, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со високи царини од 100 отсто ако Москва не ја прекине војната во Украина во рок од 50 дена, пренесе кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.
Кинескиот претседател Си Џинпинг порача дека Пекинг и Москва треба „да ја засилат меѓусебната поддршка во мултилатералните форуми“ по пристигнувањето на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров во посета на Кина.
Трамп, покрај најавата за царини за Русија, се закани и со секундарни санкции од 100 отсто кон земјите кои увезуваат руски енергенси. Најголемите увозници на руски енергенси се Кина и Индија.











