Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија три дена без народен правобранител, собранието денеска распиша оглас за наследник на Зибери

/

пред 460 дена

Сподели преку :

Државата трет ден е без народен правобранител. Досегашниот, Насер Зибери од 12 јули замина во старосна пензија. Канцеларијата и вработените очекуваат вонредно решение додека собранието избере нов Омбудсман. Дотогаш заменик народник правобранител од Кичево е назначен за потписник на документите за финансиско-материјалното и за редовното функционирање на оваа важна институција.

Тој сега е надлежен за потпишување на плати, набавки, и други документи за тековно функционирање. Собранието дури денеска распиша оглас за нов народен правобранител, иако во Законот стои дека огласот се објавува три месеци пред истекот на мандатот на правобранителот.

Мандотот на народен правобранител е осум години, а ќе се бира од редот на истакнати правници со докажана активност во зашита на правата на граѓанинот. Откако огласот ќе излезе во Службен весник, рокот за поднесување на кандидатури ќе трае 10 дена, по што продолжува постапката во собраниската комисија.