Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За шест недели регистрирани над 800 убиства на хуманитарните локации во Газа

/

пред 459 дена

Сподели преку :

Во изминативе шест недели се регистрани најмалку 875 убиства на хуманитарните локации во Газа управувани од Хуманитарната фондација Газа – поддржана од САД и Израел – и во конвои управувани од други хуманитарни групи, вклучувајќи ги и Обединетите нации, објави канцеларијата на ОН за човекови права.

Повеќето од убиените биле во близина на локациите на Хуманитарната фондација Газа-ГХФ, додека околу 200 луѓе биле убиени на рутите на другите хуманитарни конвои.

ГХФ користи приватни американски компании за обезбедување и логистика за испорака на залихи во Газа, во голема мера заобиколувајќи го системот управуван од ОН за кој Израел тврди дека им дозволил на милитантите предводени од Хамас да ги ограбуваат пратките со помош наменети за цивилите. Хамас го негира обвинувањето.

ГХФ, која започна со дистрибуција на пакети со храна во Газа кон крајот на мај откако Израел ја укина 11-неделната блокада за помош, претходно за британски Ројтерс соопшти дека немало такви инциденти на неговите локации и ги обвини ОН за дезинформации, што ОН го негираше.

ГХФ не одговори веднаш на барањето за коментар за најновите бројки на ОН.

Израелската војска соопшти дека ги разгледува неодамнешните масовни жртви и се обидела да го намали физичкиот контакт меѓу Палестинците и израелските одбранбени сили со поставување огради и знаци и отворање дополнителни патишта.