Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 20 загинати во судир на место за дистрибуција на помош во Газа

/

пред 460 дена

Сподели преку :

Дваесет лица утрово загинаа за време на судир на пункт за дистрибуција на помош во Појасот Газа, соопшти организацијата Хуманитарна Фондација Газа, поддржана од Израел и САД.

Приватната фондација соопшти дека 19 од жртвите биле прегазени до смрт, додека едно лице било фатално избодено со нож.

– Имаме веродостојна причина да веруваме дека елементи во толпата, вооружени и поврзани со Хамас, намерно ги поттикнаа немирите, соопшти ГХФ додавајќи дека инцидентот се случил во центар за дистрибуција во јужниот град Кан Јунис.

Персоналот на ГХФ тврди дека забележал огнено оружје меѓу насобраните, при што вработен од САД бил загрозен со пиштол од поединец во толпата.

ДПА нагласува дека извештајот на фондацијата не е независно потврден, а палестинската исламистичка организација Хамас досега не коментарала.