Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ се едногласно избрани за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Поп Трајкова го води предметот „Адитив“, а Коларевиќ беше обвинителка во предметот против Михамед Зекири и ја води постапката за „Бехтел&Енка“.
За двете позиции конкурираа шестмина обвинител – Наташа Поп Трајкова, Катерина Коларевиќ, Александар Маркоски, Дејан Петрески, Зоран Маркоски и Ана Стојковиќ Димитровска. Советот ја донесе одлуката по претходна проценка на професионалните квалификации на пријавените кандидати.
На денешната седница, обвинителите Дарко Јакимовски и Владимир Милошески беа избрани за нови обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. Јакимовски е познат по предметот за Ласкарци, а Милошевски во предметот за лиценцата на „Беса транс“ и сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Двајцата беа дел од тимот што работеше на истрагата за Кочани.











