27,0% од населението на ЕУ во 2024 година не било во можност да си дозволи една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, соопшти Евростат.
Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор е забележан во Романија (58,6%), во Грција (46,0%) и во Бугарија (41,4%).
Спротивно на тоа, само 8,9% од луѓето во Луксембург, 11,6% во Шведска и 13,0% во Холандија, не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Според објавените податоци Македонија не е во овие податоци, но според достапни податоци објавени минатата година, над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор. Во полоша состојба од нас се Албанија, каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%).











