Полицијата во Тајланд уапсила жена осомничена дека имала сексуални односи со будистички монаси, кои потоа со фотографии и видео снимки од актите, ги уценувала во обид да добие пари од нив.
Жената, која полицијата ја нарекува „Г-ѓа Голф“, имала секс со најмалку девет свештеници, потврди полицијата на прес-конференција.
Претпоставките се дека во текот на минатите три години на жената и биле исплатени речиси 12 милиони долари.
Во рамките на истрагата во куќата на жената, полицајците пронашле повеќе од 80 000 фотографии и видео снимки кои ги користела за да ги уценува монасите.
Ова е само најновиот скандал со будистичките монаси на Тајланд, кои во последните години беа поврзувани со повеќе обвинувања за сексуални прекршоци и трговија со дрога.
Случајот со „Г-ѓа Голф“, прв пат го привлекол вниманието на полицијата во средината на јуни, кога дознале дека еден монах од Бангкок се размонашил, откако бил уценуван од една жена.
Таа сега се соочува со повеќе обвиненија за изнудување пари, перење пари и прифаќање украдена стока.
Полицијата отворила и телефонска линија на која луѓето може да пријавуваат монаси кои не се однесуваат соодветно.











