Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова истрага за Дуќанџик/Грчец за шверц на 6 килограми кокаин од Холандија, осомничен и лидерот Муареми

/

пред 459 дена

Сподели преку :

Нова истрага за криминалната група Дуќанџик/Грчец во која провоосомничен е нејзиниот лидер Шеваљ Муареми и негови четворица соработници отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција како резултат на нивната комуникација на апликацијата Скај. Се гонат за шверц на шест килограми кокаин од Холандија.

Муареми од март лани се бара со меѓународна потерница и се наоѓа во Дубаи. Меѓу осомничените се и братот на Јетон Кривањева Жила и братот на Енис Исеинов Љаци, кои беа убиени во „Шиша бар“ во скопската Стара чаршија. Токму 29-годишниот брат на Кривањева по извршениот претрес на три локации утринава е приведен.

„Во рамки на анализа на податоците добиени од Европол и ОТФ Лимит обезбедени се докази за членови на организирана криминална група кои во текот на 2020 година и почетокот на 2021 година во два наврата организирале набавка и пренесување од Холандија на шест килограми наркотична дрога кокаин, кој бил наменет за продажба на пазарот во Р.С.Македонија“, соопштија од МВР.

Другите осомничени, како и Муареми, се недостапни за органите на прогон, а неовластена набавка, пренесување и продажба на кокаинот се договарал и со сега починатите членови на групата.

„Осомничените и сега починатите заеднички преземале инкриминирачки активности, дејствувајќи секој во својата улога во делот на неовластена набавка на наркотичната дрога, организирање на нејзино пренесување и складирање на соодветна скриена локација, како и нејзина распределба заради понатамошна неовластена продажба. Со дејствијата опишани во наредбата, осомничените сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, наведоа од ОЈО ГОКК.

Меѓу починатите е и лидерот на Дуќанџик, Орхан Бајрами Оки кој беше убиен во Ханиоти на Халкидики. Кривичниот суд вчера осуди шест членови на групата за двојното убиство од одмазда во Топанско поле во март 2021 годинаи и за трговија со 15 килограми кокаин од Бразил преку Белгија, па до земјава.

Марија Митевска