Специјални единици на кинеската и српската армија ќе спроведат заедничка обука под името „Чувар на мирот 2025“ во покраината Хебеј, во северна Кина, во втората половина на јули, пренесоа српските медиуми повикувајчи се на изјава на Џијанг Бин, портпарол на кинеското Министерство за одбрана.
„Тоа ќе биде првата заедничка обука на кинеската и српската армија. Ќе придонесе за зајакнување на борбените способности на учесниците и продлабочување на соработката меѓу двете армии“, рече тој.
Поради политиката на Србија со Пекинг од Брисел со предупредувања.
„Србија треба да се воздржи од дејствија и изјави што се спротивни на ставовите на ЕУ во областа на надворешната политика“, е пораката од Брисел.
Во 2020 година, Србија купи шест нови беспилотни летала CH-92A од Кина. Две години подоцна, го купи и противвоздушниот ракетен систем FK-3.











