Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ за 37 проценти ќе го зголеми буџетот за проширувањето

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Европската унија го зголемува буџетот за земјите-кандидати и источното партнерство за 37 проценти. Новата долгорочна финансиска рамка на Унијата предвидува од сегашните 31 милијарди евра наменети за овие држави, од буџетот на Унијата да се издвојуваат 42,6 милијарди евра. Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, за зголемување рече дека е со намера да се забрза темпото на реформите во земјите-кандидати и ти се да се подготвата за полноправното членство.

„Овој предлог за буџет на ЕУ, новиот, предвидува 41,6 милијарди што е зголемување од 37 проценти. Секој буџет е приказ на приоритетните политики изразени во бројки и со поголем буџет ние ќе може понатаму да ги забрзаме реформите и инвестициите, носејќи ги земјите поблиску до членство во ЕУ“, изјави Кос.

Парите за земјите-кандидати ќе се алоцираат според два принципи – по заслуги и условеност, при што Кос дополни дека земјите ќе ги добијат парите само кога ќе ги исполнат критериумите кои се дел од реформската агенда.

„Некои земји-кандидати работат кон тоа да ги завршат преговорите за време на траењето на следната буџетска рамка на Унијата или порано, и Комисијата ќе работи неуморно да им помогне да го исполнат тоа. Следниот чекор ќе биде преговор на пристаните договори во кои се дефинираат елементите како постепено воведување во структурните и фондовите  за земјоделие, како и учеството на секоја земја во буџетот на ЕУ“, рече Кос.

Кос притоа рече дека Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина никогаш не напредувале побрзо и оти многу од земјите-кандидати се со амбиција да ги завршат преговорите во следните години и оти новиот буџет на Унијата всушност ја отсликува таа реалност.

Кос информираше дека дополнително на овие средства, Унијата ќе издвори и 100 милијарди евра за реформите во Украина и нејзина финансиската стабилност по 2028 година.

Македонија денеска не беше спомената од страна на Кос кога зборуваше за напредокот кој го прават земјите-кандидати, но од Брисел за новиот буџет на ЕУ коментар даде министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, кој е уверен дека новиот буџет на Унијата ќе ја зголеми брзината на проширувањето. Тој притоа порача дека проширување не е само геополитичка алатка, туку простор за заеднички амбиции и вредности.

„Северна Македонија е подготвена да го продолжи својот пат во овој дуг со обновена национална решителност“, рече Муртезани.

Според Муртезани земјава досега изодела долг пат, со реформи, отпорност и со верување дека ЕУ пред се е унија на вредности. Тој притоа побара проширувањето да не стане заложник на идентитетските политики, туку да биде водено од копенхашките критериуми јасно и применливо за сите.

Тамара Грнчаровска