225 милиони евра тежат 828 проекти кои што Владата ги одобри на локалната самоуправа односно општините. Ова е втор повик за општините со пари од унгарскиот заем и ребалансот на Буџетот да реализираат проекти од локална значење и интерес кои не можат да ги спроведат со сопствени средства.
На вториот повик од инструментот за капитални инвестиции се одѕвале сите општини, доставени е 887 апликации а одобрени се 828. Најмногу одобрени проекти има доставено Битола вкупно 65 а пет општини имаат одобрени само по еден проект. На Општините ќе им бидат исплатени вкупно 13,8 милијарди денари за реализација на одобрените проекти.
„Најголем дел од проектите, дури 589 се во областа на транспортот каде ќе се вложат над 8 милијарди денари или 132 милиони евра. Во областа на животната средина ќе се инвестираат над 2,4 милијарди денари преку 143 проекти за чиста вода, канализациски мрежи, управување со отпад, паркови. Во образованието со 48 проекти вложуваме 1,6 милијарди денари за нови училишта обновени училници и градинки“, вели премиерот Христијан Мицкоски.
На првиот повик беа одобрени 288 проекти. Заклучно со 1 јули, 281 проект е со склучен договор, 146 се изведуваат на терен 113 се целосно завшрени,25 се во завршна фаза а за шест тече тендерска постапка. Но реализацијата е околу 800 милиони денари или 13 милиони евра. Според Перински станува збор за помали проекти и затоа реализацијата ви финансиски аспект е ниска.
„Она што е битно да се напомене во овој момент е дека досега најголем дел од помалите проекти се завршени а погабаритните се во тек. Во моментот процентот на финансиска реализација изнесува околу 20 проценти но тоа бидејќи сеуште се во тек на градба големите проекти кои го сочинуваат најголемиот квантум од средствата кои се ставени на располагање првиот јавен повик и очекувам дека до крајот на годината ќе имаме зголемена финансиска реализација на средствата“, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Локалните избори кои ќе се одржат во октомври нема да ги стопираат јавните набавки и проектите од првиот повик ќе продолжат да се работат бидејќи се веќе предвидени во годишниот план за работа и во Буџетите на општините.
Огнен Чанчаревиќ











