Врховниот суд ја одби жалбата на судијата Андреј Димовски од граѓанскиот суд кој побара поништување на изборот на 6 судии за скопска Апелација. Тој претпладнево аргументите им ги кажа лично на 5 мината судии од жалбениот совет во Врховниот суд на јавна седница.
Судскиот совет не го оценил за 2019 година кога бил упатен на работа во судот во Стразбур а токму оценката влијае на рангирањето на судиите за унапредување во повисок суд. За судијата неоправдани се аргументите на Судски дека немале основ му дадат бодови за годината мината во Стразбур.
„Тодологијата е подзаконски акт којшто има многу помала правна сила отколку закон којшто ја уредува ова материја и дури секогаш во вакви ситуации е јасно дека треба да се оди во корист на жалителот, односно во корист на кандидатот во овој случај во судскиот совет. Знаеме и ги имаме истакнато во сите поднесоци, во сите постапки правните основи и аргументи дека може да се даде основа, односно може да се земе токму таа година и неговото работење во Стразбур, како сериозна основа за позитивно оценување. Со самото тоа даваме и сигнал на почитувањето на самата институција Европски суд за човекови права. Ние воопшто не го земаме во предвид работењето на наш судија на работа таму“ вели Драган Лазаров, полномошникот на Димовски.
Димовски бараше жалбениот совет да ја прекине оваа постапка односно да не одлучува по неговата жалбата додека не се произнесе Вишиот управен суд со оглед на тоа што за оценувањето, Димовски води постапка и пред управните судови.
Покрај Димовски уште двајца други судии се жалат на изборот од мај годинава. Претседателот на кратовскиот суд Мирослав Георгиевски и заменик директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Илир Исени.
Од одлуките на жалбениот совет зависи дали ќе има нов избор или веќе избраните ќе се преселат во повисокиот суд.
По повеќе од година ипол од распишување на огласот на 26 мај судски совет ги унапреди во граѓанскиот оддел во скопска апелација судијките Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Силјановска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани.
Истиот ден судски унапреди и четворица судии за кривичниот оддел но за нив немаше жалби па тие веќе се на работа во апелација.
Изборот помина и со забелешки во јавноста затоа што беа унапредени сопругата на советник на премиерот и сопругата на претседателот на Уставниот суд.
Елена Ивановска Мукоска











