Советниците на Град Скопје едногласно усвоија Декларација со која го осудија насилството врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, што се случи минатата недела кога беше физички нападната во Чаир додека беше на увид на дивоградба заедно со службеници од Градот.
Декларацијата ја предложи советничката група на СДСМ и во неа се осудува секоја форма на насилство насочена кон институцијата градоначалник.
„Ги повикуваме надлежните органи да постапат согласно на нивните законски ингеренции, да ги истражат сите случаи на закани и притисоци насочени кон институцијата градоначалник на Град Скопје и кон градоначалникот како жена, да утврдат факти и да обезбедат целосна заштита“ пишува во Декларација, која во советот ја предложи опозициската СДСМ.











